Фанови на Apple и воопшто, следбеници на популарната технологија, забележете го 12 септември во вашите календари, бидејќи според прилично доверливи информации, претставувањето на веројатно најважниот iPhone досега (поточно по првите три модели) ќе се случи токму на тој ден.

Заедно со iPhone 8, на истиот настан ќе бидат прикажани и подобрените верзии на iPhone 7 и 7 Plus со дополнителен “S” во името.

Информацијата за ова доаѓа од извори од мобилните оператори во САД, кои потоа треба да го понудат во своите програми и договори. 12 септември е дата која е и слична со тоа кога беа претставувани претходните генерации на новиот iPhone, па затоа можеме скоро со сигурност да кажеме дека промоцијата ќе се случи тогаш.

Нормално, оваа информација земете ја со мала задршка – сѐ уште ништо не е потврдено од Apple, но како и да е, новиот iPhone 8 скоро сигурно ќе биде претставен во тој период.

Од друга страна, кога и да биде претставен, се чини дека нема да дознаеме ништо ново за новиот знаменосец на Apple. Веќе сигурно знаеме дека тој ќе има многу мала рамка околу дисплејот со засек во горниот крај за сензорите и предната камера, нема да има Home копче со читач за отпечатоци, туку ќе има систем за 3D препознавање на лицето на корисникот кој веројатно ќе работи со иста брзина како Touch ID, ќе има подобрени перформанси и за прв пат OLED дисплеј кој сигурно ќе понуди повисок квалитет на сликата во однос на актуелните IPS LCD модели, додека задната камера ќе може да препознава длабочина и да се користи за апликации со изменета реалност.

Извор: Mac 4 Ever, 9 to 5 Mac, TechnoBuffalo

Претходна статијаПенкалцето во Galaxy Note 9 ќе може да се користи за алко-тест?
Следна статијаСамсунг го претстави најновиот Galaxy Note 8 телефон