Најновите iPhone модели, односно 7 и 7 Plus, минатиот месец беа претставени во нова, црвена боја, заедно со нов и освежен iPad модел.

Црвените телефони не доаѓаат со посебни и нови карактеристики, односно се работи само за додаток на уште една боја од која ќе може да изберат корисниците.

Додавањето на црвената боја во изборот не е случајно, односно се работи за модел направен во соработка со фондацијата за борба против Сидата, RED. Сепак, бојата е навистина интересна, па сигурно ќе им се допадне на многу корисници од естетски аспект, а посебно на корисниците од женскиот пол.

Црвениот модел е достапен и во Македонија преку iStyle, па сите кои планирале периодов да купат нов iPhone, ќе може да ја земат и оваа боја во предвид.

Уредот е црвен од задната страна, но бел од предната, па нема да добиете различно корисничко искуство од тоа што би го добиле со другите варијанти.

Имавме шанса да го видиме црвениот iPhone во продавницата на iStyle во City Mall, па можеме слободно да кажеме дека изработката е одлична и би го препорачале на сите корисници, не само на девојките.

На видеото во продолжение можете да го видите уредот како го отпакуваме, па да добиете нешто подобра претстава за тоа како изгледа. Доколку сакате уште подобро да го видите, се разбира можете да поминете во продавницата на iStyle во City Mall.

Повеќе информации за овие модели можете да прочитате од нашата статија од нивното претставување, а се разбира директно на страна на iStyle каде што можете да ги видите и цените.

Претходна статијаXiaomi го претстави Mi Pad 3 со 7,9 инчен дисплеј и 4 GB рам
Следна статијаБеспилотни трансфер возила ставени на тест во Лондон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.