eb3cft3u06xawocg7ajc

И покрај големиот број на промени, “Home” копчето остана најпрепознатливиот дел на iPhone. Сепак, бидејќи се работи за хардверско копче, тоа не ретко знаеше да се расипе и да го оневозможи користењето на телефонот – корисниците мораа да го однесат во сервис за тоа. Кај двата нови iPhone 7 модели, Apple конечно вгради решение за ова.

Имено, доколку корисникот има проблем со хардверското копче на својот iPhone 7 или iPhone 7 Plus, оперативниот систем ќе активира виртуелно “Home” копче на самиот дисплеј, кое ќе ги има истите функции како надворешното копче, вклучувајќи ги и 3D Touch функциите. Ова значи дека корисниците ќе имаат време и можност да ги извадат сите сензитивни информации пред да ги однесат своите телефони на сервис.

qg8wuftko5soccrirlpl

Многумина во овој потег на Apple гледаат и иднина во која iPhone нема да има хардверско копче, односно целосно ќе се префрли на виртуелни копчиња. Решението би било слично на она на Android телефоните со виртуелни копчиња (кои не можат да се расипат), но има најави дека во виртуелното копче на Apple би можел дури да се вгради и читач за отпечатоци на прстите, што би било навистина импресивно.

Засега нема информација за тоа дали iOS 10 надградбата ја носи оваа функција и кај постарите iPhone-и, односно iPad уреди, но тоа би било мошне логично, иако нормално не препорачуваме намерно да го расипете копчето за да го проверите тоа.

Извор: Techno Buffalo, Mac Rumors, Gizmodo

Претходна статијаНа 16 и 17 ноември во Скопје ќе се одржи конференцијата Microsoft Визија: Reloaded
Следна статијаМакпетрол продолжува со инвестиции и проширување на сопствените капацитети