iphone6s-gallery3-2015

Пред десетина дена ја објавивме информацијата дека Apple започна програма за промена на батериите на корисниците на  iPhone 6s. Промената на се однесува на сите уреди, односно за да знаете дали на вашиот уред му е потребна нова батерија, требаше да го проверите серискиот број и да го споредите со листата.

Доколку вашиот уред е еден од тие на кој му е потребна промена на батерија, тоа можете да го направите во овластениот Apple сервисен провајдер iStyle.

За да им ја олесни проверката на корисниците, Apple сега на својата страна додаде можност да го внесете вашиот сериски број, па наместо да го споредувате со некоја листа, автоматски да ви биде кажано дали е потребна промената на батеријата. Истото можете да го направите преку следниот линк.

Инаку, проблемите кои се имаат појавено со батеријата кај одредени корисници прават да уредот се исклучи, иако батеријата не е празна. Ова се разбира не е сериозен проблем како во случајот со Note 7, каде корисниците пријавуваа палење на нивниот уред.

 

Претходна статијаМалициозен софтвер загрозува милион Android уреди преку инсталирање на апликации
Следна статијаHuawei претстави Li-ion батерија со графин, која може да издржи повисоки температури
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.