Mate7-HandsOn-03-970-80

Последниве неколку години, Кинезите не само што се конкурентни со квалитет и перформанси кај паметните телефони, туку во неколку случаи ја престигнуваат конкуренцијата во лансирањето на нови технологии.

Според протечена информација за новиот модел на Huawei, наместо iPhone 6S, првиот телефон со “Force Touch” технологија, односно технологија за различни притисоци на допир на екранот, ќе биде Mate 7S.

Incredible-Touch-650-80

Huawei ова го нарекува “Incredible Touch”. На сликата може да се види дека камерата ќе може да се лансира со пишување на буквата “C” на екранот со зглобот на прстот, што алудира на тоа дека телефонот ќе препознава различни притисоци и ќе знае кога ја пишувате буквата со врвот на прстот, а кога со зглобот.

Покрај тоа, од TechRadar јавуваат дека им бил даден подарок од Huawei, кој е всушност играчка со мали метални прачки, кои кога ќе ја ставите раката на нив, ја прикажуваат целосно на другата страна. Ова не само што е дополнителна потврда, туку можеме и со сигурност да кажеме дека е најава за технологија која ќе разликува различни притисоци на допир.

Huawei-teaser-650-80

Најинтересното од се е што Huawei 7S треба да биде претставен на јавноста на IFA саемот во Берлин, кој се одржува од 4-9 Септември, додека новите iPhone 6S и 6S Plus треба да бидат претставени подоцна.

За волја на вистината, Apple веќе ја вградува “Force Touch” технологијата во MacBook лаптопите и во Apple Watch паметниот часовник, но сите знаеме дека мобилните се најважни во понудата на гигантот од Купертино.

Извор: TechRadar

Претходна статијаOlympus OM-D E-M10 II е ретро апарат за вљубениците во добрата фотографија
Следна статијаApple го закажа својот iPhone настан за 9-ти септември, ќе може да се гледа и од Windows 10