Секој корисник, кој ќе го купи новиот модел во периодот  од 1 – 15 април, добива подарок -надворешна батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод

Скопје, 31 март 2017 година – Huawei најави дека започнува пред-продажба во Македонија на новиот модел P10, со подарок луксузна кутија со додатоци. Прелиминарните нарачки почнуваат од утре, 1 април, и ќе траат до 15 април во мрежата на мобилниот оператор Македонски Телеком и синџирот продавници Neptun. Така најстраствените корисници ќе се здобијат први со возбудливиот нов модел, уште пред неговото официјално трговско деби на 15 април. Покрај оваа можност, корисниците ќе бидат изненадени и со подарок стилски комплет со додатоци како надворешен батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.

Huawei P10 пристигнува во Македонија со исклучителни технички и уметнички фотографски карактеристики – нова двојна главна камера од Leica (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предна 8 мегапикселна Leica камера за исклучителни селфи слики, прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци веќе во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија на интерфејсот EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење. Моделот ќе се нуди во боите Mystic Silver (мистично сребрена), Graphite Black (графит црна) Prestige Gold (престижно златна) и Dazzling Blue (сјајно сина).

Информации за купување на новиот модел, начинот на испорака, како и на подарокот, ќе бидат достапни во сајтовите на партнерите од утре, како и на официјалниот сајт на Huawei http://consumer.huawei.com/minisite/mk/p10preorder/index.html

Дополнителната надворешна батерија AP08Q, која е дел од подароците додатоци, иако со мала тежина, обезбедува до 10 000 mAh голем полнеж, овозможувајќи три полнења на P10, а благодарение на портите USB C и микро USB, таа може да биде наполнета со било кој полнач на пазарот. Најважната карактеристика е дека батеријата е компатибилна со технологијата за супер брзо полнење, која овозможува речиси двапати побрз полнеж на телефони како Huawei P10 или Huawei Mate 9 наспроти други стандардни извори на струја. Потребни се помалку од 30 минути за полнење на батеријата на смартфонот до половина.

Полначот за автомобил AP38 исто така поддржува Super Charge технологија. Такашто, доколку сте заборавиле да го наполните телефонот однапред, само половина час полнење на пат кон работа е доволен за да не се грижиш за батеријата.

Другиот дел од комплетот е AF14 селфи стик. Комфорниот држач на телефонот со селфи стикот е дизајниран на таков начин што го придржува селфи стикот, правејќи го многу удобен за носење. Така поставен селфи стикот AF14 има влез за приклучок на слушалки што овозможува да се контролира затворено снимање на видео со камерата и со копчето на рачката. Кога имаме потреба од трипод за да направиме слика со тајмер или стабилно видео, од рачката на стикот може да се извлечат стабилни ногарки, на кои е вметнат штандот. Додатната опрема не е само што има висока функционалност, но и е исклучително лесна.

За Huawei Consumer Business Group

Со 16 центри за истражување и развој во земји како Германија, Шведска, САД, Русија, Индија и Кина, услугите и производите на Huawei имаат пазарно присуство во повеќе од 170 држави, опслужуваат повеќе од една третина од светското население. Huawei е рангиран на трето место по нарачки на мобилни телефони за 2014 година. Како една од трите бизнис групи на Huawei, Huawei Consumer BG нуди мобилни телефони, мобилни уреди со голема брзина, домашни уреди и cloud услуги. Глобалната мрежа на Huawei се темели на 20 години искуство во телеком индустријата и е посветена на тоа да ги обезбедува корисниците ширум светот со последни технолошки достигнувања.

За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата:

http://consumer.huawei.com/minisite/mk/p10preorder/index.html

За редовни вести – следете ги социјалните мрежи:

Facebook: https://www.facebook.com/HuaweimobileMK/

Instagram: https://www.instagram.com/huaweimobilemk

Twitter: https://twitter.com/HuaweiMobileMK

YouTube: https://www.youtube.com/channel/UCnJWEI4tAYyKv9U1gS3WzAA

Претходна статијаЗа прв пат апликациите во Android ќе заработат повеќе од оние на iOS
Следна статијаMercedes ги претстави плановите за производство на електрични возила