gsmarena_001

Новиот знаменосец на Huawei треба да претставен за малку повеќе од еден месец. Се работи за голем, 6 инчен телефон, кој ќе биде противник на iPhone 7 Plus и Samsung Galaxy Note 7 и кој ќе има прилично моќни спецификации. Сепак, за разлика од порано, не очекувајте многу ниски цени.

Поточно, ако може да им се верува на информациите кои ги имаме сега, Mate 9 и натаму ќе биде поевтин од конкуренцијата, но помоќните модели веќе опасно навлегуваат во територијата на најскапите телефони, како погоре споменатите модели на Apple и Samsung. Така, моделот со 6 GB рам и 256 GB простор, во Кина ќе чини 700 долари, цена која сигурно ќе биде повисока на останатите пазари, вклучувајќи го и нашиот.

huawei-mate-9-8

Самиот телефон ќе биде презентација на најдоброто од Huawei досега – дисплејот ќе има големина од 6 инчи и Quad HD резолуција, процесорот ќе биде новиот Kirin 960, батеријата ќе има 4.000 mAh, а ќе бидат понудени неколку изведби со 4 или 6 GB рам меморија и 64, 128 и 256 GB простор. Голем адут на овој телефон ќе биде двојната камера направена во соработка со Leica, која за разлика од онаа во P9, најверојатно ќе има 20 мегапиксели. Mate 9 инаку ќе доаѓа со Android Nougat 7.0, но со EMUI скин врз него.

Телефонот прв пат ќе биде претставен на 3 Ноември во Кина, но останатите пазари веројатно ќе го добијат по претставувањето на CES во Јануари, исто како што беше случајот и со Mate 8.

Извор: Android Central, Pocket-lint, GSM Arena

Претходна статијаVolta е наредната генерација на графика од Nvidia, насочена кон автономните возила
Следна статијаPilot е уред кој може да преведува јазици во реално време