Кинескиот производител на технологија и мобилни телефони Huawei ја исмева компанијата Apple и нивниот најнов модел на мегапопуларниот iPhone. Како што е познато минатата недела Apple претстави низа нови производи од кои најголемо внимание привлече мобилниот телефон iPhone X.

Само недела подоцна, еден од гланите конкуренти на Apple во рамки на пазарот на мобилни телефони Huawei им порача на купувачите, преку реклама на Facebook, дека ќе мораат да почекаат уште еден месец за да имаат шанса да го купат првиот вистински „вештачки интелигентен“ телефон. Секако, директно алудирајќи на Apple.

Според информациите, Huawei ќе го претстави новиот Mate 10 на 16-ти октомври.  Ваквите „провокации“ од страна на Huawei се сосема оправдани, ако се земе во предвид фактот дека компанијата од многу порано работи на развојот на самата AI технологија и секако, се очекува новиот Mate 10 да ја поседува најнапредната AI до сега. Рано е да се шпекулира дали Huawei блефира, односно дека AI е сѐ уште далеку од широка практична намена, меѓутоа јасна е намерата од неа да се извлече максимумот.

Извори: The Verge, MacRumors

Претходна статијаСамо уште еден ден до јубилејнто издание на Викенд Медиа Фестивал
Следна статијаVIVAX PRO 1: Екстремно издржлива алатка за непокорливите