Во многу протечени вести и информации за новиот Google Pixel 2 XL, се употребуваше кодното име “Muskie”, кое беше за смартфон дизајниран и изработен од HTC. Сепак, неколку месеци пред претставувањето на телефоните почнавме да го слушаме кодното име “Taimen”, кое беше наменето за уредот дизајниран и изработен од LG и уред кој го доби зеленото светло од Google.

Телефонот кој оригинално требал да биде Google Pixel 2 XL, денес HTC го претстави како HTC U11+ и за многу луѓе, Google требаше да го избере токму овој смартфон за свој знаменосец. Очигледната причина за ова е дисплејот – HTC употребува Super LCD6 екран, кој ги нема ниту еден од проблемите на P-OLED дисплејот на LG и иако нема толку контраст, сигурно со него Google ќе ги избегнеше негативните коментари, а особено за оние за покажување на „дух“ од статични слики на дисплејот, кои никако не можат да се појават на LCD екран.

Мора да се признае дека дизајнот и на HTC U11+ и на Pixel 2 XL е сличен, со иста големина на дисплејот од 6 инчи, 18:9 сооднос и резолуција од 2880х1440 пиксели, но моделот на HTC како да изгледа малку поелегантно и поексклузивно. Исто така, HTC е веќе долго години познат по прецизната и цврста изработка на своите паметни телефони, што е уште еден плус. За жал, сигурно нема никогаш да дознаеме зошто Google се одлучи на моделот дизајниран од LG, а не од HTC – тоа е нешто кое тие не мораат и нема да го соопштат.

Извор: PhoneDog, The Verge, Hot Hardware

Претходна статијаSamsung со нова реклама во која го „исмејува“ iPhone
Следна статијаTesla овозможи нов „Chill’ режим на забрзување за возачите на кои стандардниот им е премногу