gsmarena_001

Тајванскиот производител последниве неколку месеци е во голема офанзива на пазарот, почнувајќи со VR уредот Vive, потоа со знаменосецот HTC 10, а сега со нов 5 инчен алуминиумски уред од средната класа, кој има солидни спецификации и прилично допадлив дизајн.

HTC One S9 се придружува на плејадата “One” уреди, сите изработени од алуминиум, што веќе се покажува дека е специјалност на производителот. Овој модел во задниот дел е особено сличен на минатогодишниот знаменосец One M9, но предниот дел добива малку различен дизајн, односно тука различно се изведени предните BoomSound звучници.

gsmarena_003

Внатрешните компоненти се солидни, но веројатно нема да ви го забрзаат срцето. Процесорот е MediaTek Helio X10, кој има осум Cortex-A53 јадра на 2.0 GHz, помогнат од 2 GB рам меморија и само 16 GB простор за податоци, кој за среќа може да се прошири со micro SD картичка. Дисплејот има големина од 5 инчи и Full HD резолуција, што е солидно со оглед на класата.

Задната камера, барем на хартија, делува одлично – има 13 мегапиксели и f2.0 бленда и оптичка стабилизација за подобри слики навечер, додека предната камера има 4 „ултрапиксели“ и исто така f2.0 бленда. Батеријата има солиден капацитет од 2.840 mAh, што би требало да биде доволно за цел ден користење.

gsmarena_002

One S9 ќе доаѓа со вргаден Android Marshmallow и веројатно ќе добие надградба на Android N кога ќе биде достапна. Цената изнесува 499 евра во Германија, што е прилично високо, особено ако го споредиме со кинеската конкуренција, која реално нуди многу повеќе за истите пари.

Извор: GSM Arena, The Verge, Android Authority

Претходна статијаNokia го купи Withings, производител на фитнес и медицински тракери
Следна статијаПродажбата на компјутери во првото тримесечје од 2016 најниска во последниве 9 години