htc_desire_830_red_blue

Тајванскиот производител е во нова смартфон офанзива годинава и по претставувањето на новиот „10“ телефон од високата класа, сега претставува нов уред од Desire линијата од средната класа, кој има дисплеј со големина од 5,5 инчи и BoomSound звучници и е наменет за оние со поплиток џеб.

Она што прво паѓа во очи е изработката од пластика, која е контраст на моделите од повисоките класи на HTC, но тоа е веројатно направено со цел цената да се задржи на пониско ниво. Дисплејот има резолуција од 1920х1080 пиксели, што е сепак солидно, додека во предниот дел гордо стојат BoomSound стерео звучниците, кои треба да овозможат многу поквалитетно аудио доживување.

gsmarena_002

Во внатрешноста е вграден MediaTek Helio X10 чип со осум јадра на 1,5 GHz, кој треба да понуди респектабилни перформанси, особено бидејќи е помогнат од 3 GB рам меморија. Desire 830 доаѓа и со вграден простор од 32 GB, со можност за проширување преку micro SD картичка, како и батерија од 2.800 mAh, која делува прилично мала со оглед на големината на телефонот. Задната камера има 13 мегапиксели со оптичка стабилизација и f2.0 бленда, додека предната камера има 4 мегапиксели (поточно „ултрапиксели“).

HTC Desire 830 ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow и Sense UI, а ќе чини 310 долари во Тајван. Сѐ уште нема информации за тоа кога ќе биде достапен овој модел надвор од домашниот пазар, но со оглед на досегашното искуство, би можеле да очекуваме дека ќе го видиме и кај нас, особено бидејќи делува како навистина интересен смартфон со прилично коректна цена за „некинески“ производител.

Извор: GSMArena, NDTV, The Verge

Претходна статијаОд утре започнува Job Fair 2016 – Шанса за запознавање на студентите и компаниите
Следна статијаШто претставува анти-меморија ?