Huawei годинава лансираше цела плејада на смартфони со издолжен дисплеј и двојна камера, а сега овие модерни карактеристики ги сели и во Honor брендот, кој е познат по тоа што нуди високи перформанси по пониска цена. Моделот Honor 7X ги има сите овие карактеристики и благодарение на тоа би можел да биде особено интересен модел за македонските купувачи.

Huawei Honor 7X има дисплеј со големина од 5,93 инчи, сооднос на страните од 18:9 и одлична резолуција од 2160х1080 пиксели. Во внатрешноста е вграден одличниот Kirin 659 процесор, кој може да понуди солидни перформанси иако не е од највисоката класа, а за мазно работење помогнат е од 4 GB рам меморија и понуда на простор од 32 до 128 GB, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Како и многу модели на Huawei и Honor 7X назад има двојна камера, овој пат комбинација од главен сензор со 16 мегапиксели и помошен сензор од 2 мегапиксели за мерење на длабочината и овозможување на портрет мод. Предната камера има солидни 8 мегапиксели, додека батеријата има капацитет од 3.340 mAh, што би требало да е доволно за еднодневно користење. Оперативниот систем е Android 7.1 Nougat со EMUI 5.1 скин.

Најголем адут на Honor 7X е цената, која во Кина изнесува околу 200 евра. Во Европа очекувајте да е малку повисока, но тоа и натаму не е премногу за смартфон со вакви карактеристики и перформанси.

Извор: Engadget, GSMArena, The Verge

Претходна статијаAndroid смартфоните од високата класа во 2018 ќе имаат технологија за 3D препознавање на лица
Следна статијаTesla Roadster ќе може и да полета?