hacbook-796x398

Hackintosh, односно компјутерите кои не се Apple а имаат инсталирано Mac OS оперативен систем, се навистина популарни кај оние со поплиток џеб кои навистина сакаат Macintosh искуство. Сега дури можете и да купите таков компјутер, поточно лаптоп со инсталиран Mac OS, кој би требало да ви овозможи исто искуство како MacBook, но по многу пониска цена. Нелегално, секако.

Лаптопот е инаку од HP и тоа модел од пониските класи, како што и се гледа од неговото прилично дебело куќиште. Сепак, за цена од 329 долари за моделот со големина на дисплејот од 14 инчи и не можете да очекувате повеќе, но барем спецификациите се солидни – резолуцијата е 1600х900 пиксели, процесорот е Core i5 од најновата генерација, помогнат од 8 GB рам меморија и SSD или HDD диск со капацитет до 1 TB.

Screen-Shot-2016-08-29-at-16.59.00-796x342 copy

Во компјутерот има инсталирано целосно функционален Mac OS оперативен систем, истиот оној кој се вградува во MacBook лаптопите на Apple. Сепак, ова е нелегално – Apple не дозволува инсталирање на нивниот оперативен систем на друг хардвер освен нивниот. Од HacBook сепак се одлучиле да го направат тоа и сега е само прашање на време кога ќе престане продажбата – Apple сигурно ќе биде прилично ажурен и ќе поднесе пријава до производителот на овој лаптоп.

Затоа, за оние кои се заинтересирани за евтино Macintosh искуство, препорачувам да побрзаат или пак да „прогуглаат“ начин да го инсталираат овој оперативен систем и на својот лаптоп или компјутер. И ова е исто така нелегално, патем.

Извор: The Next Web, The Register, HacBook

Претходна статијаSamsung ќе претстави “Quantum Dot” гејмерски монитори со заоблен дисплеј на IFA 2016
Следна статијаiPhone 7 ќе биде претставен на 7 септември, ќе има камера со плиток фокус?