Google ќе започне да ги обележува уредите кои го исполнуваат нивниот Play Protect стандард. Сертифицираните уреди ќе исполнуваат неколку безбедносни процедури, како автоматско скенирање за вируси и „Find my Device“ (пронајди го мојот уред) функција.

Покрај познатите производители на преносливи уреди, кои користат Android оперативен систем, на листата се наоѓаат и некои помалку познати брендови произведени во Кина. Уредите ќе бидат лесно препознатливи по Play Protect логото кое ќе биде втиснатно на кутијата во која се продаваат уредите.

Play Protect е претставен во мај годинава, а главната цел е скенирање и проценка на небезбеден или злонамерен софтвер. Апликациите се проверуваат пред воопшто да се појават во Play Store-продавницата, но се следи и нивното однесување откако ќе бидат инсталирани на извесен уред.

Во насока на нудење поквалитетен софтвер, Google најави и нов систем на рангирање на апликациите, овој пат врз основа на тоа колку често истата „крашнува“, колку брзо ја троши батеријата, колку пати е избришана од некој корисник и сл.

Извори: ZDNet, The Verge

Претходна статијаFacebook сака да го преземе бизнисот на LinkedIn
Следна статијаGoogle ги брише резервните копии од вашиот неактивен Android уред после 2 месеци