project-ara

Project Ara на кој што работи Google се очекува да биде достапен во продажба од идната година или поточно од Јануари 2015. Доколку не сте запознаени со овој проект, се работи за мобилен телефон на кого што компонентите ќе му бидат поставени од надворешната страна во форма на посебни модули. Секој од тие модули ќе можат посебно да се менуваат, со што ќе се овозможи менување на саканата компонента од него, без потреба од целосно менување на телефонот, односно купување на нов.

Google редовно ја известува јавноста, како и развивачите за тоа до каде е развојот на Project Ara. Оваа недела во рок од неколку дена, Google ќе прима нарачки за плочите од Project Ara уредот на тие што се заинтересирани да развиваат модули за него. Бројката на компании и поединци кои што ќе можат да добијат пристап до уредот е ограничен и Google има поставено одредени услови кои што ќе треба да бидат исполнети, односно нема да ги даде на сите заинтересирани до исполнување на лимитот.

Дефинитивно е интересно да се види дали Project Ara ќе го промени начинот на кој што ги купуваме и користиме нашите мобилни телефони во иднина. Ќе треба да се види како ќе биде прифатен од страна на сега големите производители.

Извор: Project Ara, Ars Technica, Forbes

Претходна статијаJIBO, првиот робот за вашето семејство
Следна статијаMicrosoft претстави формулар за барања врз основа на европското „право да бидете заборавени“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.