Еден од производителите на новите Pixel смартфони, поточно на помалиот Pixel 2 ќе биде HTC, кој заедно со тоа ќе донесе и дел од своите технологии во овој модел. Така, според наоди во FCC, Pixel 2 ќе има стислива рамка, иста каква што има HTC U11 и која зависно од тоа со кој притисок ја стегате, може да лансира најразлични апликации или подесувања.

Сепак, интересно е што Google се одлучи на вградување на оваа опција во еден свој смартфон – во минатото тие и не беа секогаш расположени за вградување на вакви функции, кои за многу корисници имаат ограничена употреба. Но, бидејќи се работи за Google, може да очекуваме дека барем софтверски оваа функција ќе биде добро имплементирана.

Според истите информации кои HTC ги има поднесено во FCC, Pixel 2 ќе има два стерео звучници напред, што е особено добра вест во време кога сите производители ги намалуваат поради намалување на рамката околу дисплејот. За жал, Pixel 2 и Pixel 2 XL смартфоните најверојатно нема да имаат ниту 3,5 mm излез за слушалки, што е прилично лоша вест.

Кога сме кај неа, Pixel 2 дефинитивно ќе има помала рамка во однос на актуелниот Pixel смартфон, но сепак не очекувајте да биде мала како кај Galaxy S8, LG G6 или пак Note 8 и iPhone 8. Таков дизајн ќе има поголемиот Pixel 2 XL, кој ќе биде произведуван од LG и за кој се очекува да личи на G6. И двата телефони ќе доаѓаат со Android 8.0.1 оперативниот систем, кој сѐ уште нема добиено име, но знаеме дека ќе почнува на “O”.

Извор: The Verge, Engadget, Firstpost

Претходна статијаПоранешни директори во Tesla имаат нова компанија за производство на домашни батерии
Следна статијаFrontRow е камера која може да ја носите околу вратот