Pixel и Pixel XL смартфоните се покажаа како исклучително успешни за Google, многу повеќе од претходната Nexus линија. Поради тоа, тие годинава ќе лансираат наследници и потврдата стигна токму од нивни човек – Рик Остерлох, вице-претседател од хардвер дивизијата на компанијата.

Тој на MWC изјави дека во оваа индустрија има годишен ритам, односно дека нови уреди се лансираат секоја година, притоа потврдувајќи дека треба да сметаме и на нив дека ќе го следат ова темпо. Ова значи само едно, а тоа е дека наследници на Pixel телефоните треба да пристигнат кон втората половина на оваа година, веројатно на есен – истиот период кога беа лансирани актуелните модели.

Интересно, ѝ покрај тоа што имаше најави дека Google ќе лансира и поевтини Pixel уреди, Остерлох нагласи дека тие ќе останат премиум, исто како и актуелните модели. Во превод, за оние што очекуваа дека ќе можат да купат чист Android смартфон за помалку пари, како на времето со Nexus, ова е дефинитивна потврда дека нема да се случи тоа.

Од новите Pixel смартфони може да се очекуваат низа подобрувања, но според мене купувачите ќе бидат задоволни со помала рамка околу дисплејот и помодерен дизајн, како и водоотпорност на телото. Останатите карактеристики се веќе импресивни и кај актуелните модели, кои се дефинитивно едни од најдобрите смартфони во моментов.

Извор: Techno Buffalo, BGR, CNET

Претходна статијаНови „стаклени“ батерии имаат три пати поголем капацитет од li-ion
Следна статијаКои апликации ја “цицаат” батеријата на Вашиот iOS уред