Веднаш откако ќе бидат претставени скоро сите смартфони од високата класа на конкуренцијата и тука мислам на Galaxy Note 8 (веќе претставен), iPhone 8 (наскоро ќе биде претставен) и LG V30 (наскоро ќе биде претставен), Google ќе ги лансира своите нови Pixel 2 паметни телефони, кои ќе донесат низа подобрувања во однос на претходниците и од кои се очекува да имаат уште позабележителен настап на пазарот и покрај тоа што оваа година и конкуренцијата ќе биде пожестока.

Информацијата дека Pixel 2 смартфоните ќе бидат претставени на 5 октомври доаѓа директно од Evan Blass, што значи дека информацијата може да ја земеме и како вистинска. Покрај тоа, тој потврди дека телефоните на Google ќе бидат првите со Snapdragon 836 процесор, кој е делумно подобрување на 835-ката која ја има во цела плејада на смартфони од високата класа. Од новиот чип сепак не очекувајте огромен скок во перформансите – тој ќе има делумно повисок работен такт на процесорот и графичкиот процесор, како и делумно подобрена ефикасност.

Останатите спецификации и кај двата модели треба да бидат врвни – помалиот ќе има дисплеј со големина од 5 инчи, додека поголемиот ќе има дисплеј со големина од 6 инчи и многу мала рамка. Интересно, и двата телефони најверојатно ќе имаат странична стислива рамка, исто како кај HTC U11, а заедно со нив ќе бидат претставени и паметни слушалки со Google Assistant, чие кодно име е Bisto.

Нормално, Pixel 2 и Pixel 2 XL ќе доаѓаат со најновиот Android Oreo 8.0 и секогаш први ќе ги добиваат новите надградби на Android.

Извор: The Verge, Android Authority, TechnoBuffalo

Претходна статија12 години подоцна: Age of Empires IV
Следна статијаSamsung дефинитивно спрема паметен звучник со Bixby