Веќе завршивме со претставувањето на сите смартфони од високата класа кои компаниите ги претставуваат во втората половина на годината (Apple со iPhone 8 и iPhone X, Samsung со Galaxy Note 8, Google со Pixel 2, LG со V30, Xioami со Mi Mix 2 и Huawei со Mate 1o Pro) и време е да почнеме да зборуваме за уредите од високата класа кои ќе бидат претставени во првата половина на наредната година. Поточно, за најпопуларните од нив, Galaxy S9 и S9+.

Сите овие информации кои ќе ги наведам подолу нормално земете ги со задршка, бидејќи смартфоните ќе бидат претставени за 4-5 месеци отсега, што значи дека е прерано за да ги знаеме сите детали. Сепак, после плејадата негативни коментари за поставеноста на читачот за отпечатоци на прсти, лесно е да се претпостави дека Samsung ќе го помести подолу, со цел тој да биде подостапен за показалецот, особено што Galaxy S9 и S9+ ќе бидат прилично долги смартфони со 18,5:9 сооднос на страните на екранот.

Од останатите детали, се очекува во долниот и горниот дел на дисплејот да има уште помала рамка, додека самиот екран ќе биде закривен на страните како и досега. Камерата ќе биде двојна, веројатно истата како кај Galaxy Note 8, но ќе биде веројатно вертикално поставена со цел подобро да одговара на поставеноста на читачот за отпечатоци.

Има и информации според кои скенерот за отпечатоци ќе биде сместен во самиот дисплеј, но луѓе блиски до Samsung тврдат дека технологијата се’ уште не е спремна за масовно производство и дека прв смартфон кој ќе ја има ќе биде Galaxy Note 9, кој ќе биде претставен во септември наредната година.

Исто така, има и една „лоша“ вест, а тоа е дека Galaxy S9 и S9+ нема да имаат 3,5 mm излез за слушалки. За жал, на ова ќе мора да се навикнеме.

Извор: PhoneArenaInquisitr, Trusted Reviews

Претходна статијаНовиот Skype дојде и на десктоп верзијата од апликацијата
Следна статијаAMD ги претстави првите Ryzen чипови за лаптопи, ветува подобри перформанси од Intel