hqdefault

Новиот знаменосец на Samsung ќе биде првиот уред по подолго време кој ќе има за задача повторно да го врати производителот на врвот на пазарот на паметни телефони, а по престанокот на производството на Galaxy Note 7.

Затоа, Galaxy S8 ќе има највисоки можни спецификации. Очекувано, во него ќе се вградува Snapdragon 835 процесорот, кој ќе го изработува Samsung, но многу пазари ќе ја добијат варијантата со новиот Exynos процесор од серијата 9, кој исто така треба да биде исклучително моќен чип.

За што помазно работење со повеќе апликации, S8-ката ќе има 6 GB рам, а Samsung ќе воведе и верзија со 256 GB простор плус слот за micro SD картичка. На овој начин, се отвора можност корисникот да го конфигурира својот уред со околу 500 GB простор, што за паметен телефон до неодамна беше незамисливо.

Најавено е и дека дисплеите ќе бидат поголеми од оние на актуелните Galaxy S7 модели и дека и двата ќе бидат со Edge дисплеј. Ова според мене е и логично, бидејќи последниве две години од „кул“ и скапа верзија, Edge прерасна во главниот избор на купувачите кога купуваат нов Galaxy S телефон.

Досега Samsung новите Galaxy S модели ги претставуваше на Mobile World Congress во Барселона, но овој пат тие промоцијата веројатно ќе ја одложат за Април. Причината е веројатно за да имаат повеќе време за да ги имплементираат сите новитети, но и веројатно за да се осигураат дека батеријата ќе биде безбедна и нема да се самозапалува.

Извор: Techno Buffalo, T3, NDTV

Претходна статијаApple тестира 10 различни прототипи за iPhone 8
Следна статијаНа Windows 10 ќе можете да правите се што досега сте правеле на Linux