Google заедно со Android испорачува цела плејада на одлични апликации. Тука секако спаѓа Google Now, односно новиот Google Assistant дигитален асистент, кој за многу функционалности е најдобар во бизнисот. Сепак, конкуренцијата не спие и Cortana и Siri му дишат во врат на Google, а наскоро и Samsung сака да вгради свој дигитален асистент во нивните паметни телефони, почнувајќи со Galaxy S8.

Сепак, според нови информации од “Edison Investment Research” кои го анализираат пазарот на паметни телефони, поради патент договор со Google, Samsung нема да може да го стави нивниот дигитален асистент Viv во паметните телефони. Во договорот инаку стои дека Samsung не може да вградува апликации и сервиси кои ќе бидат конкурентни на тие на Google, а кои стандардно доаѓаат со Android со вграден Play Store.

Но, тогаш зошто и досега во Galaxy моделите немаше такви ограничувања? Во Galaxy S7 и S7 Edge на пример вградени се скоро сите Microsoft апликации, како Office, Skype и OneDrive. Според аналитичарите, причината за тоа е што досега Samsung продавал толку многу уреди, што можел да го заобиколи овој договор. Како што сите знаеме, со прекинувањето на продажбата на Galaxy Note 7, бројката на продадени Samsung паметни телефони драстично се намали.

Ова објаснување е малку нејасно – правило е правило, независно од тоа колку продава производителот. Исто така, Viv би можел да биде голема предност за Galaxy S8 во однос на конкурентите, бидејќи првите најави се дека може да разбере комплексни реченици и целосниот нивен контекст.

Според тоа, искрено не верувам дека Samsung ќе дозволи некој договор да го ограничи нивниот напредок во полето на дигиталните асистенти и дека тие веќе имаат дополнителен договор со Google кој ќе го заобиколи претходниот. Сепак, да оставиме на официјалните реакции од Samsung и Google пред да донесуваме сопствени заклучоци.

Извор: Techno Buffalo, BGR, Tech Times

Претходна статијаПроект на годината од областа на обновливата енергија
Следна статијаСкопје добива европска новогодишна содржина