Samsung дефинитивно ќе ја прекрши традицијата оваа година и новите модели од “Galaxy S” серијата нема да ги претстави на најголемиот саем за мобилни уреди во светот MWC, туку тоа веројатно ќе го направи подоцна во април на посебна промоција.

Ова беше потврдено од шефот на мобилната дивизија во Samsung, Кох Донг Џин, кој за жал не даде дополнителни информации за кога ќе се случи тоа. Како и да е, ова веќе беше очекувано – после проблемите со Galaxy Note 7, Samsung сигурно си даде малку подолго време за да не ги повтори грешките во S8-ката, но и за да може да вгради поголем број на новитети и иновации.

А новитети и иновации ќе бидат очајно потребни бидејќи продажбата на смартфони на Samsung веќе опаѓа. Најголема причина за ова е што Galaxy Note 7 веќе не е на пазарот, но и тоа што Galaxy S7 е веќе застарен модел. Покрај тоа, конкуренцијата сега е многу посилна од порано – Google ги лансираше Pixel смартфоните кои имаат прилично добар настап на пазарот, а Huawei станува се посилен и константно лансира нови моќни модели. Исто така, на MWC LG ќе го претстави новиот G6 модел, кој има барем засега ветува многу

Секако, ако некој може да се врати тоа е сигурно Samsung. Според досегашните информации, S8-ката ќе има целосно нов дизајн, поголем дисплеј кај двата модели, но и многу мала рамка одоколу. Спецификациите ќе бидат најдоброто достапно во моментот, а се очекува двојна камера назад, која ќе има слични можности на онаа во iPhone 7.

Извор: Engadget, The Next Web, The Verge

Претходна статијаОтсега на сите Chromebook лаптопи ќе може да се инсталираат Android апликации
Следна статијаБиометриска идентификација ќе ги замени пасошите во Австралија