Една од карактеристиките на импресивните Galaxy S8 и S8+ која не предизвика голема заинтересираност е задната камера, која според спецификациите е иста како таа на претходниците, со сензор од 12 мегапиксели и супер брза бленда од f/1.7.

Сепак, иако Samsung не нагласи за каков сензор се работи, според информации од кинескиот Ice Universe, сензорот е целосно нов. Се работи за IMX333 сензор на Sony, кој има многу подобри можности за снимање видео со повеќе „фрејмови“ во секунда, но и подобрена острина и помал шум во потемни услови на високо ISO.

Засега овие информации не можат да се потврдат, но се прилично веројатни – Samsung вложи големи напори да ги направи новите Galaxy S8-ки најдобри во класата и квалитетна камера секако дека е многу важна алка од синџирот. Секако, ова ќе можеме наскоро и да го потврдиме, кога ќе излезат првите рецензии, а и ние очекуваме еден таков уред.

Од останатите податоци за камерата, таа и натаму ќе може брзо да се стартува кога е заклучен телефонот, но сега тоа нема да се прави со “Home” копчето, бидејќи него воопшто го нема. Наместо тоа, се користи двоен клик на копчето за отклучување на телефонот отстрана. Ова е веројатно уште подобро решение, бидејќи палецот (или показалецот кај левучарите) природно паѓа на страната од телефонот.

Извор: BGR, GSMArena

Претходна статијаTesla го претстави надградениот 8.1 софтвер
Следна статијаЗа прв пат апликациите во Android ќе заработат повеќе од оние на iOS