Новиот знаменосец на Samsung треба да биде официјално претставен на 29 март, но јас навистина не знам што ќе ни претстават – веќе ги знаеме сите детали за Galaxy S8. Сега знаеме и дека дисплејот ќе биде осетлив на притисок, а особена функционалност ќе има “Home” копчето, кое ќе извршува неколку различни функции.

Оваа технологија ќе биде многу слична на 3D Touch на Apple, но нема да биде целосно нова за Samsung, бидејќи тие веќе произведуваат дисплеи осетливи на допир за Huawei и нивниот Mate 9 паметен телефон. Затоа, беше само прашање на време кога Samsung ќе ја вгради оваа можност и во еден од своите модели.

Според информациите, целиот дисплеј ќе биде осетлив на допир, но главните функционалности на ова решение ќе бидат применети кај навигациските копчиња. Имено, Samsung за прв пат во еден Galaxy S смартфон нема да има копчиња на рамката, туку тие ќе бидат виртуелни на дисплејот.

Затоа, “Home” копче кое би било осетливо на притисок може да биде од голема помош за оние кои се навикнати на притискање на хардверско копче. Исто така, заедно со “Always On” дисплејот на Samsung, кој прикажува информации дури и кога е заклучен телефонот, виртуелното копче ќе може да се користи за отклучување, исто како и хардверското кај досегашните модели.

Извор: Techno Buffalo, TechRadar, Android Central

Претходна статијаСоцијалните мрежи всушност немаат ништо со социјализацијата
Следна статијаFacebook Stories: Уште една „новина“ за корисцниците на мобилната апликација на Facebook