Корејскиот производител веќе подолго време го тестираше Android Nougat како бета програм за одреден број на корисници на нивните знаменосци Galaxy S7 и S7 Edge и малку подоцна од ветувањето, на почетокот на 2017 година ја лансира и официјалната верзија на новиот оперативен систем.

Надградбата е “over the air”, што значи дека би требала автоматски да пристигне на вашиот смартфон кога ќе бидете приклучени на Wi-Fi мрежа. Први кои ќе ја добијат надградбата ќе бидат токму оние кои беа бета тестери на новиот софтвер, што е своевидна надградба за тоа што тие корисници се одлучија да имаат софтвер со голем дел на багови и недостатоци во својот смартфон.

Промените кои ги донесува Nougat не се безначајни. Прво, новата надградба има подобрен дизајн и кориснички интерфејс  и подобри перформанси. Сега, “Multi-Windows” можноста за користење две апликации одеднаш е вградена во самиот оперативен систем, што значи дека таа ќе функционира со сите апликации, а има подобрувања и на начинот на кој се инсталираат новите надградби, без потреба од рестартирање на телефонот. Android Nougat донесува и многу безбедносни надградби, кои треба подобро да ве заштитат од интернет нападите.

Сите корисници кои ќе ја добијат нотификацијата за надградбата ќе имаат 30 секунди пред да се рестартира телефонот и да почне инсталацијата. Нормално, препорачливо е секој кој има ваков смартфон да ја направи.

Извор: Android Central, CNET, ARS Technica

Претходна статијаU Ultra е новиот знаменосец на HTC – изработен е од стакло и има втор дисплеј во горниот дел
Следна статијаLG објави видео за G6 – ќе биде водоотпорен и ќе има моќна камера