Сигурно уште веднаш се запрашавте зошто пишуваме за Galaxy Note 9, кога 7-ката престана со производство и продажба, а за 8-ката немаме никакви информации. Се работи за патент на Samsung, кој според карактеристиките најавува Galaxy Note смартфон од иднината.

Зошто од иднината? Зошто е исклучително тенок, скоро како лист хартија. Исто така, на едната страна има закривување на дисплејот и таа страна е делумно подебела, бидејќи во неа се става дигиталното пенкалце. Оттаму и потсетува на Galaxy Note. Секако, чудно е зошто Samsung би се одлучил само едната страна да биде закривена, но ова е само патент кој е веројатно направен со цел конкуренцијата помалку да го копира корејскиот производител.

Секако, овој патент не значи дека Galaxy Note 9, па ниту 10 можат да имаат ваков дизајн. Засега, со актуелната технологија за батерии, невозможно е да се изведе толку тенок смартфон кој би имал респектабилно траење на батеријата. Кога на ова ќе се додадат проблемите кои Samsung ги имаше со батериите во Note 7 поради претерано „набиениот“ распоред на компонентите во многу подебелото тело, можеме да заклучиме дека ќе треба да помине подолго време пред да има ваков Note модел на пазарот.

Од друга, овој патент ни покажува како Samsung размислува за иднината – супер тенки смартфони кои скоро воопшто нема да се забележуваат кога ќе ги ставите во џеб и кои барем од оваа гледна точка изгледаат како од некој научно фантастичен филм.

Извор: TechRadar, Know Your Mobile

Претходна статијаSamsung лансира нов Galaxy Folder смартфонот на преклоп во Јужна Кореја
Следна статијаMP3 аудио форматот замина во историјата