Цената од скоро 950 евра за најновиот знаменосец на Samsung очигледно не е пречка за одлични продажни резултати, бидејќи Galaxy Note 8, според информациите од корејската компанија, е најдобро продаваниот Note смартфон досега, што во очи на скандалот со самозапалувањето на претходниот модел и високата цена, е навистина извонредно постигнување.

Информациите дека Note 8 е најпродаван од оваа серија досега доаѓаат од Samsung и во нив нема бројки, што значи дека не би можеле да знаеме колкава е разликата од Note 8 до Note 5, претходниот најпродаван Note смартфон. Сепак, самите позитивни резултати се дури и изненадување, иако Galaxy Note 8 е еден навистина импресивен смартфон, со најдобар AMOLED дисплеј во светот со големина од 6,3 инчи, многу мала рамка околу и импресивни внатрешни компоненти.

Бројката за продажба Samsung сепак ја објавува на база на преднарачките – првите телефони ќе стигнат до сопствениците и во продавниците на 15 септември, кога продажбата би можела дополнително да се зголеми. На ова дополнително ќе помогне фактот што Samsung најави дека ова ќе биде најригорозно тестираниот смартфон, кој со сигурност нема да може да експлодира, но и тоа што фановите на Note серијата веќе две години не можат да го заменат својот телефон, бидејќи Galaxy Note 7 беше целосно повлечен од пазарот само неколку месеци по неговото претставување.

Извор: TechCrunch, The Verge, BGR

Претходна статија91 жртвa за 8 месеци – РСБСП повикува на одговорно учество во сообраќајот!
Следна статијаXiaomi го најави Mi Note 3, поголема изведба на знаменосецот Mi 6