Многу често се случува проблематични уреди да се преработат со нови компоненти и да се препродаваат. Нив може да ги најдете како “refurbished” и тие обично имаат пониска цена од таа на фабричкиот модел.

Наскоро, Samsung ќе лансира токму вакви Galaxy Note 7 смартфони, кои ќе бидат идентични на оригиналните, освен проблематичната батерија, која тука ќе има помал капацитет. Поточно, капацитетот на батериите кај преработениот Galaxy Note 7 ќе биде од 3.000-3.200 mAh, за разлика од 3.500 mAh кај оригиналниот смартфон.

Уште веднаш ќе пресечам дека овие модели ќе бидат наменети само за источните пазари во развој, како Индија и Виетнам, што значи дека шансите да ги видиме тука се минимални, освен ако некоја од мобиларите не се одлучи да го донесе, за што има реални шанси гледајќи кои се модели може да се купат кај нас.

Идејата со овие смартфони е веројатно Samsung да врати дел од загубените пари на нивниот знаменосец. Исто така, со лансирањето на преработените единици, тие ќе покажат на јавноста дека самиот смартфон не е проблематичен и дека проблемот е дефинитивно во батериите.

Цената на овој “refurbished” Galaxy Note 7 модел ќе биде пониска од таа на оригиналниот, што е добра шанса за оние кои сакаа да го купат пред да излезат проблемите со батеријата на виделина. Сепак, ќе треба да се откажете од неколку часови плус траење на батеријата, поточно новата ќе биде помала за 10-15%.

Извор: Techno Buffalo, ZDNet, 9 to 5 Google

Претходна статијаУлтра Распродажба во Капитол Мол
Следна статијаМодул 3 – какви бенефити носи вашиот продукт?