Протекоа фотографии од натпреварувачот на Samsung во средната класа, Galaxy C10. Се работи за телефон кој ќе биде првиот на компанијата со двојна камера и во кој ќе се вградува новиот Snapdragon 660 процесор, помогнат од масивни 6 GB рам меморија и 64, односно 128 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Од она што можеме да го видиме на фотографиите, Galaxy C10 ќе биде целосно облечен во алуминиум, за разлика од скоро сите смартфони на Samsung од средната класа, кои имаат изработка од алуминиумска странична рамка и стакло во задниот дел.

C10 инаку ќе има големина на дисплејот од 5,7-6 инчи и Full HD резолуција, а најавена е дебелина на телото од само 7,68 mm, што е одлична вест.

И покрај тоа што се најавени две камери, не можеме со сигурност да кажеме каква комбинација ќе понудат. Во оптек се неколку различни – дополнителен црно бел сензор за подобар контраст и помалку шум, дополнителна леќа со поширок или пак дополнителна леќа со потесен агол, која ќе овозможи и оптички зум.

Според информациите, Galaxy C10 ќе биде претставен пред Galaxy Note 8, што значи дека ќе биде првиот модел на компанијата со двојна камера. Сепак, според мене вистински квалитетната двојна камера ќе биде претставена со телефонот од високата класа Note 8, кој ќе има прилично тешка задача да се натпреварува со iPhone 8.

Извор: SlashGear, Digit, Gizbot

Претходна статијаПроизводителот на супер скапи луксузни телефони Vertu целосно згасна
Следна статијаSkype ќе врати некои од старите функции во новата апликација по големите критики