На MWC саемот во Барселона на 26 февруари, LG ќе го претстави својот нов знаменосец, кој ќе биде првиот смартфон после подолго време со тенок и висок дисплеј (сооднос на страните од 2:1), што би требало да го подобри, односно олесни користењето со една рака. Благодарение на веројатно насилнички украден прототип модел од LG, сега можеме и да ги потврдиме овие шпекулации.

Прототипот на сликата очигледно е добро оштетен и залепен, што најавува некоја „битка” за негово вадење од просториите на LG. Сепак, ова скоро сигурно се нема случено и како прототип, на телефонот веројатно константно се работи на подобрување, па затоа и отсекувањето и менувањето на делови. Настрана оштетувањата, овие фотографии откриваат многу за новиот знаменосец на LG.

Прво, однапред се гледа дека рамката околу дисплејот ќе биде исклучително мала, односно ќе ја има само во горниот и долниот дел. Модуларноста од LG G5 веќе нема да ја има, што е добра вест бидејќи таа и така не ги привлече корисниците, додека назад G5-ката ќе има две камери, веројатно истите од V20, а под нив е вграден и читачот за отпечатоци. Сепак, G6 веројатно ќе има Snapdragon 821, а не новиот 835 чип, поради тоа што тој се уште нема да биде достапен на крајот од февруари, за што најверојатно крив е Samsung.

Според информации од LG знаеме и дека телефонот ќе биде изработен од алуминиум и стакло – задниот крај сигурно нема да биде пластичен како на фотографијата, односно тоа е веројатно само долната обвивка. Исто така, на него ќе има аналоген 3,5 mm излез за слушалки, што е одлична вест за аудиофилите и оние кои веќе вложиле во квалитетни аналогни слушалки. Бонус би било и ако G6 го има аудио засилувачот од V20, кој е моментално најдобар меѓу сите паметни телефони.

Извор: Droid Life, Techno Buffalo, The Verge

Претходна статијаДолго очекуваните AMD Ryzen процесори пристигнуваат во март
Следна статијаTesla Motors ќе се вика само Tesla