Project-Ara-hed

Според информациите до кои имаат дојдено од познатиот портал Cnet, тие излегуваат со претпоставката дека Facebook работи на нов смартфон кој може да биде и модуларен, исто како што тоа требаше да биде откажаниот Project Ara од Google.

Од Cnet не можат да ги потврдат информациите, па истакнуваат дека се работи само за претпоставки донесени врз основа на мало истражување кое го имаат направено.

Во основа, тие имаат откриено дека одреден број на поранешни вработени од мобилната индустрија станале дел од нов сектор во Facebook наречен  Building 8, сектор за којшто се’ уште не е баш познато каква улога има во компанијата.

Дел од вработените се од други познати компании како Motorola, Tesla, Apple, Amazon, а можеби и уште поинтересно, тројца поранешни вработени кои имаат работено на Google Project Ara проектот.

Од ова се разбира не може да се донесе сигурен заклучок, меѓутоа како и секогаш ги прави работите поинтересни, оставајќи простор за шпекулации. Па така, од Cnet сакаат да веруваат дека откажаниот Ara проект ќе биде оживеан во Facebook.

Инаку, модуларните телефони се навистина интересен концепт којшто се надеваме дека некогаш во иднина ќе стане комерцијално достапен. Со тоа корисниците ќе имаат можност да го изберат точно оној хардвер кој им е потребен на нивниот смартфон, а во иднина лесно да променат некоја компонента, како камерата или процесорот на пример.

Дефинитивно ваквите уреди драстично би го промениле начинот на којшто се користат мобилните телефони, па не е ни чудно што сето ова бавно се случува.

Извор: Cnet, Cnet 2

Претходна статијаDell работел на Windows 10 телефон со Intel лаптоп процесор
Следна статијаSamsung им се извини на корисниците за Note 7 преку оглас во три американски весници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.