Screenshot_4

Рендерите направени од фанови или дизајнери кои сакаат да се пробијат во светот на електронската индустрија не се ништо ново, но според познавачите овие 3D рендери од новите Nexus уреди кои ќе ги произведува HTC се многу близу до реалните.

На видеото на TechConfigurations се прикажани дизајни на двата телефони, базирани на претходните протечени информации. Од она што можеме да го видиме и двата телефони дефинитивно ќе имаат заден дел во две бои, поточно горниот дел ќе биде црн. Изработката ќе биде од алуминиум, со прилично заоблени страни кои би требало да ги направат телефоните поудобни за држење. Линиите за антената сепак неодоливо потсетуваат на iPhone, но се надевам дека тоа нема да биде така во оригиналните изведби.

Screenshot_2

Двата уреди инаку имаат кодни имиња Sailfish и Marlin. Првиот ќе биде поевтин и насочен кон пошироката публика, односно наследник на Nexus 5X, со 5 инчен Full HD дисплеј и 2.770 mAh батерија. Marlin ќе има 5,5 инчен Quad HD дисплеј и 3.450 mAh батерија и ќе биде уредот со високи перформанси. Според најавите и двата нови Nexus паметни телефони ќе имаат 4 GB рам, читач за отпечатоци во прстите во задниот дел, USB Type-C приклучок за полнење и трансфер на податоци, 12 мегапиксели задна и 8 мегапиксели предна камера и секако, Android Nougat. Сѐ уште нема инфо за кои чипови ќе се користат во двата уреди, но  очекувам тоа да биде Snapdragon 820 и во двата случаи.

Screenshot_3

Всушност, лансирањето на двата телефони се очекува да се поклопи со лансирањето на официјалната верзија на Android Nougat, односно ова ќе бидат уредите носители на новиот мобилен оперативен систем на Google.

Извор: TechnoBuffalo, Phandroid, TechTimes

Претходна статијаSeagate претстави хард диск со капацитет од 10 TB
Следна статијаKickassTorrents страната не функционира по апсењето на наводниот сопственик