blackberry-venice-tinhte

Се наближуваме до официјалното претставување на телефонот со кој еднаш најголемиот производител на паметни телефони, BlackBerry, ќе капитулира и ќе го лансира првиот уред со друг оперативен систем, во овој случај Android Lollipop, а кој засега има кодно име Venice.

Веќе пишувавме дека телефонот ќе има чиста верзија на Android, со неколку апликации од BlackBerry, како “Contacts”, “Calendar” и “Mail”, кои и натаму се едни од најдобрите за бизнис корисниците, поради големата заштита што ја нудат. Промени ќе има и во делот за мултитаскинг, односно отворените апликации ќе бидат различно распоредени, но останатото ќе биде исто како кај секој Android телефон, вклучувајќи го и Google Play Store.

3128472_3128370_BlackBerry-Vince8

Однадвор, ова ќе биде првиот телефон од високата класа после подолго време со тастатура на лизгање. Имено, оние кои се имаат навикнато на телефон со екран на допир нема да мора никогаш ни да ја отворат хардверската тастатура и ќе можат да го користат како секој друг Android телефон. А од друга страна, таа секогаш ќе биде достапна за традиционалистите, односно оние кои сакаат вистинско чувство на куцање на тастатура.

Од другите податоци, сега со сигурност се знае дека камерата ќе има 18 мегапиксели и две LED диоди за подобро осветлување навечер, додека ќе биде достапен и слот за micro SD картичка, кој недостасува кај многу модели од оваа класа. Исто така, BlackBerry Venice веројатно ќе биде изработен од карбон – фибер, материјал кој треба да придонесе за висока цврстина и ниска маса.

3128471_3128368_BlackBerry-Vince1

Првиот Android телефон на BlackBerry треба да биде лансиран во Ноември оваа година, што од стратешка гледна точка е одлично, бидејќи на тој начин ќе се погоди периодот на празници, кога купувачите од западните пазари најчесто купуваат нов телефон.

Извор: Techno Buffalo, Engadget

Претходна статијаStartQube со покана до медиуми и посетители на официјалното отворање
Следна статијаMotorola ќе биде задолжена за развојот на Lenovo паметните телефони