phpzssztm

Веќе најавивме дека канадскиот гигант ќе лансира два нови уреди со Android годинава, кои треба да го збогата портфолиото на паметни телефони со оперативниот систем на Google, започнато со одличниот модел Priv, кој е моментално единствен на пазарот со лизгачка хардверска тастатура.

Коднитe имиња на двата модели се Hamburg и Rome по двата европски градов, всушност како што правеше Blackberry со сите модели досега. Сепак, поинтересно е за какви модели се работи – од фотографиите може да се види дека Hamburg најверојатно ќе биде само со дисплеј на допир иако има шанса за лизгачка тастатура, но тоа засега не можеме да го потврдиме.

blackberry-2016-2

Изработката е метална и асоцира на полуксузен модел, но очекувањата се сепак дека ова нема да биде телефон од највисоката класа, туку ќе спаѓа во таканаречената средно – висока класа. Останатите спецификации сѐ уште не се познати, но затоа е најавена цената, која треба да изнесува околу 400 долари. Blackberry Hamburg ќе биде достапен во втората половина на оваа година.

Моделот со кодно име Rome пак има хардверска тастатура и дисплеј на допир, исто како Blackberry моделите од минатото. Дисплејот на овој модел најверојатно ќе биде заоблен на страните, исто како и кај Priv. Повеќе информации за овој модел нема, но се очекувада биде сличен на Hamburg и главната разлика да биде само во тастатурата. Според тоа и цената би требала да биде слична, како и периодот кога ќе се појави на пазарот.

blackberry-2016-3

Двата уреди инаку доаѓаат со целосно новото лого на Blackberry во горниот дел на дисплејот, додека на софтверската страна веројатно ќе го имаат најновиот Android N оперативен систем.

Извор: GSM Arena, Pocketnow, Pocket-lint

Претходна статијаMove It – паметна домашна вежбална со која нема да забушавате
Следна статијаПродажба на смартфони: Oppo и Vivo ги надминаа Lenovo и Xiaomi, Huawei продолжува со големиот раст