16421

„Митот“ дека Android телефоните кочат и замрзнуваат, повторно испадна како точен. Имено, армијата на САД досега користела неименувани Samsung телефони, кои не можеле добро да ги завршат зададените задачи, нешто во кое iPhone бил буквално брилијантен.

Искрено, не можам да проценам дали се работи за реклама на американскиот производител од американската влада, наспроти падот на продажбата на iPhone, но барем засега ќе веруваме на тоа што го кажуваат тие (иако начинот на кој ги кажуваат работите е крајно сомнителен. Читајте подолу).

Проблемот е во Android Tactical Assault Kit апликацијата, која овозможува видео во живо од беспилотни летала и која според американската армија, касни во прикажувањето на сликата, кочи и дури и целосно замрзнува, па потоа морале да бидат рестартирани. Апликацијата за iPhone пак, наречена iPhone Tactical Assault Kit, работела со многу почиста и неверојатна графика (да, тоа е зборот што е употребен), како и побрзи и помазни перформанси.

Сето ова делува малку матно, особено што е објавено дека армијата отсега ќе користи iPhone 6S, но не е објавено какви Samsung телефони биле користени досега. Со оглед на тоа што вакви набавки не се прават секоја година, моја претпоставка е дека се работи за некои од првите Samsung Galaxy S модели, кои секако дека немаат перформанси подготвени за денешното време, исто како што нема ниту iPhone 4.

Извор: Mashable, Gizmodo, Telegraph

Претходна статијаLenovo Air 13 е „ала“ MacBook ултра бук со солидни перформанси и ниска цена
Следна статијаMicrosoft Pix е нова, супер лесна но моќна фото апликација за iPhone