apple-iphone-bendgate-796x428

Нов патент на Apple открива детали за иднината на iPhone, кој наскоро би можел да биде лесно свитлив, нешто слично на телефоните кои ги најавија Samsung, LG и Lenovo. Со ваква иновација, Apple сигурно би останал рамо до рамо со останатите конкуренти на пазарот на паметни телефони, кои во моментов се чини се чекор понапред со овие технологии.

Интересно, патентот за телефон кој може да се витка на Apple бил два пати одбиен, а Apple цело време го поднесувал под име на некој од инженерите, со цел да избегне публицитет. Инаку, телефонот најверојатно ќе биде изработен од керамика, а се спомнуваат и карбонски нано-цевки, кои се најцврстиот материјал на земјава, но воедно и многу тешки за производство и прилично скапи, па лично ова би го отфрлил.

Да потсетиме, Apple веќе имаше еден телефон кој се витка – iPhone 6 и 6 Plus беа „популарни“ по мекиот алуминиум кој се употребуваше во нив и поради кој телефоните лесно се виткаа, дури и ако се стават во некој потесен џеб од фармерки. Секако, новите телефони нема да се виткаат како овие, односно нема да се расипуваат доколку се свиткаат, но возможно е Apple да добил идеја од виткањето на iPhone 6…

Патентот на Apple за свитлив телефон сепак не мора да значи ништо, барем не во поблиска иднина, бидејќи развојот на вакви телефони може да трае со години. Како и да е, според се што гледаме од производителите на паметни телефони денес, наредниот чекор кој ќе го направат паметните телефони е да можат да се виткаат, нешто што очекувам од Samsung или од LG да го видиме уште наредната година.

Извор: The Next Web, Futurism, Softpedia

Претходна статијаБалмер: имав големи несогласувања со Бил Гејтс околу стратегијата за паметни телефони
Следна статијаFacebook планира навлегување во територијата на LinkedIn со дел за работни места на страните