Американскиот гигант го надмина Samsung во вкупната продажба на паметни телефони во последното тримесечје на 2017 година, нешто што е преседан и што веројатно би можело да се повтори и ова тримесечје, но не и понатаму. Поточно, Apple продаде вкупно 78,3 милиони паметни телефони, додека Samsung продаде 77,5 милиони од Октомври-Декември 2016 година.

Причината за тоа што Apple изби на првото место и покрај тоа што има само три модели во портфолиото (плус неколку постари) е тоа што Samsung Galaxy Note 7 беше повлечен од пазарот. Токму тој модел се очекуваше да донесе рекордни бројки на продажба за корејскиот бренд, но поради проблемите со запалување на батеријата тоа не се случи.

Гледано низ целата година, Samsung и натаму е неприкосновен на првото место во вкупната продажба, пред се благодарение на тоа што имаат многу модели на смартфони, од најевтини до премиум модели. Apple како и минативе неколку години е на второто место, додека потоа следуваат кинеските Huawei, кој има одличен успех низ сите светски пазари и Oppo и Vivo, кои пред сѐ се успешни на домашниот кинески пазар.

Оваа тримесечје исто така би можело да биде критично за Samsung, кој ќе го лансира Galaxy S8 дури во Март. Без нов знаменосец во понудата тие не би можеле успешно да се носат со iPhone и вкупната продажба би можела повторно да биде помала и покрај тоа што во меѓувреме лансираа неколку нови модели од ниската и средната класа. Сепак, по лансирањето на S8-ката и подоцна на Note 8, Samsung повторно би се искачил на највисокото место.

Извор: Mashable, GSM Arena, ZDNet

Претходна статијаВака ќе изгледаат Project Neon апликациите во Windows 10
Следна статијаDubuc Motors го презентираше Tomahawk електричниот спортски автомобил