Новиот iPhone, кој треба да донесе многу долгоочекувани промени во линијата на најуспешниот смартфон, веројатно ќе биде лансиран во Септември оваа година, всушност како скоро сите негови претходници последниве неколку години. Сепак, производството на телефонот веројатно ќе почне многу порано отколку што беше случај досега.

Причината за ова веројатно не е за тие да можат да го лансираат телефонот порано на пазарот. Напротив, поради големите промени кои се очекуваат во 8-ката, логично е дури и да има мало одложување, со цел подлабоко да се испитаат сите нови технологии. Сепак, во Јуни Apple ќе прослави 10 години од лансирањето на првиот iPhone и иако малку веројатно, би можело да се случи уште тогаш да го видиме новиот модел.

Но, најверојатна причина за раниот старт на производството е за Apple да има подготвено поголема количина на телефони, со кои би ги задоволил гладните купувачи за нов iPhone. Ова особено добива на тежина поради самата природа на 8-ката, која треба да донесе најголеми промени по iPhone 6, што значи дека би можела да привлече дури и сопственици на iPhone 7 и 7 Plus да го променат својот уред. Досега, корисниците на iPhone обично чекаат две години за да го променат својот смартфон.

Какви промени ќе донесе iPhone 8 сѐ уште не можеме со сигурност да кажеме, но има информации за дизајн од челик и стакло, како и преден OLED дисплеј со многу мала рамка, која би го направила целиот телефон многу помал. Како и секогаш, очекувајте иновации и кај камерата, а се навестува и безжично полнење и тоа на поголема далечина отколку актуелните типови на безжични полначи. Исто така, читачот за отпечатоци би можел да биде вграден во самиот дисплеј, а ќе биде вграден и скенер за зеницата на окото.

Извор: Cult of Mac, Mac Rumors, Techno Buffalo

Претходна статијаСамсунг Електроникс нè воведува во нова ера на паметни уреди наменети за максимално корисничко уживање
Следна статијаПротече слајд од презентација за Huawei P10 и P10 Plus