Apple-iPhone-Patent-796x398

Денес сме толку многу навикнати на големите дисплеи кај паметните телефони, што навистина не можеме да прифатиме екран со големина како кај паметните телефони од пред неколку години. Да, големината е важна, но од друга страна таа ги прави нив тешки за употреба само со една рака, односно не ретко бара исклучителни гимнастики со палецот.

Овој проблем е особено голем кај Apple, чиј iOS оперативен систем и не е особено оптимизиран за користење со една рака. Еден од главните проблеми е копчето за враќање назад, кое кај сите апликации се наоѓа во горниот лев дел и кое е тешко да се достигне со десната рака кај поголемите модели. Овој проблем го немаат Android и Windows на пример, бидејќи нивните главни копчиња за навигација се во долниот дел.

Slide-to-Unlock-Patent

Apple сепак има едноставно решение за ова, кое веројатно ќе може да го вгради само преку софтверска надградба. Имено, се работи за прилагодлив кориснички интерфејс, кој се менува зависно од тоа со која рака го држите телефонот (на пример копчето за Назад би било поставено десно за деснаците).

Актуелните модели ќе можат да проценат со која рака ги држите преку вградените сензори, како и тоа со која рака ќе го отклучите телефонот преку Touch ID читачот за отпечатоци, но во иднина би можеле да се вградат и други хардверски можности. Засега, Apple има поднесено патент за овие промени во iOS, што значи дека истите би можеле многу скоро да ги видиме и во официјалната верзија.

Ова се чини како брз трик за да се подобри користењето на iPhone со една рака, но од друга страна пречестото менување на елементите на дисплејот може да направи и забуна кај корисникот. Но, ако на некој може да му се верува дека добро ќе имплементира некоја можност, тоа секако е Apple.

Apple-Pencil-Patent-796x620

Покрај промените во iOS за полесно користење со една рака, Apple патентираше и дигитално пенкалце со контроли на допир на телото на пенкалцето, кои би требало да пружат многу повеќе можности, како на пример зумирање на сликата со вртење на пенкалцето додека го држите палецот на одредено место итн.

Извор: The Next Web, Apple Insider, Patently Apple

Претходна статијаHuawei развива сопствен оперативен систем, но сепак работи на подобра верзија на MIUI
Следна статијаFirefox „Containers“ ќе овозможат користење на повеќе сметки во исто време на една веб страна