apple-patent-3-1

Заштитата на музичките и видео правата е работа за која се сериозно загрижени големите музички и филмски имиња. Но, да им пречи нивните фанови да ги снимаат концертите со телефони? Навистина, да бидеме реални, кој ги гледа тие снимки потоа, освен тие кои ги снимиле? За да бидат работите уште полоши, Apple веројатно во иднина ќе вградува специјална камера која ќе знае кога сте на концерт и ја имате камерата насочено кон бендот и ќе забрани снимање. Ауч!

Тука поточно се работи за инфрацрвени сензори, кои можат да проценат за какви објекти се работи кога ќе погледнат кон нив. За ова сензорите ќе ги имаат сите податоци од интернет, што значи дека може да се искористат за некои навистина кул работи, како на пример да ви дадат повеќе информации за објектот кој го гледате. На пример се наоѓате во музеј и сакате да знаете повеќе инфо за некое уметничко дело – новата камера ќе ви го овозможи токму тоа.

apple-patent-2-1

Сепак, оваа технологија може да се користи и за она што го спомнав погоре – забрана за снимање на видео на концерти, односно други места каде е забрането тоа. Ова сигурно ќе им се допадне на менаџерите на големите музички имиња, но се сомневам дека ќе помине добро кај потрошувачите. Кој би сакал телефон кој не може да снима концерти, особено ако има други кои можат да го направат тоа?

Затоа, шансата овој патент да го најде патот до некој нов iPhone ја сметам за многу мала. Без грижи.

apple-patent-4-1

Извор: Techno Buffalo, Tech Insider, Patently Apple

Претходна статијаМожноста за SMS од вашиот Windows 10 компјутер сепак нема да ја има во идните верзии, но ќе ја има во Skype
Следна статијаSnapchat ќе претстави апликација за Windows 10?