Веќе премногу долго време има претпоставки, најави и протечени информации кои велат дека Apple, веројатно во iPhone 8, конечно ќе вгради OLED дисплеј, кој исто така нема да има рамка околу него, односно ќе има минимална рамка. Нов патент на Apple дава надеж дека ова конечно ќе се случи, иако во него има и неколку други елементи кои е помалку веројатно да бидат вградени во некој нов iPhone.

Имено, смартфонот има OLED дисплеј со мали просторчиња меѓу пикселите. Токму во тие мали простори  може да се вгради предната камера, што значи дека смартфонот би можел да има целосно мала рамка околу дисплејот, а не еден дел (обично долу) каде ќе бидат вградени сите елементи. Исто така, низ тие простори би можеле да бидат вградени звучниците, сензорите итн.

Патентот има и неколку други интересни новитети. Apple на пример има патентирано смартфон со проѕирен OLED дисплеј и мало прозорче на него. Ова може да помогне во апликации со изменета реалност, бидејќи нема да има потреба од посебни камери кои би го снимале 3D просторот. Исто така, низ просторите од OLED дисплеите Apple дури планира и вградување на втор дисплеј, веројатно e-ink, кој без престан би прикажувал информации во еден дел од телефонот, без да ја троши батеријата.

Сето ова не очекувајте да го видите во наредниве неколку години, но некои од работите претставени во овој патент би можеле да бидат вградени во iPhone 8. Тука пред се мислам на OLED дисплејот, но и на малата рамка околу него. Сепак, веројатно е премногу рано за технологии како камера и сензори позади дисплејот – тоа очекувајте го некоја наредна година.

Извор: The Verge, Apple Insider, Mirror

Претходна статијаПолнење на електричните автобуси за само неколку минути
Следна статијаВодено ладење на лапотоп – Asus ROG GX800