iphone-6-concept-nowhereelse-and-martin-hajek-003-1200x573

Ако може да се верува на информациите од Catcher Technology, еден од главните добавувачи на делови за iPhone линијата на Apple, новите паметни телефони на производителот ќе бидат целосно изработени од стакло.

Ова сигурно е одговор на Samsung Galaxy линијата, која го врати стаклото на сцената по неколкугодишното владеење на алуминиумот и според продажните резултати, но и коментарите на рецензентите низ светот, ова помина исклучително успешно. Едноставно, купувачите сакаат нешто различно, нешто што ќе ги одвои од останатите.

Новиот iPhone треба да има целосна изработка од стакло, што секако ќе го направи посебен, но и веројатно кошмар за оние на кои лесно им се лизгаат телефоните од раце. Да, тука целиот уред ќе биде изработен од едно цело парче стакло, со внатрешно поставена рамка која ќе треба да го направи поцврст. Сѐ уште немам идеја колку би бил тежок за поправање, но за тоа ќе се грижат сервисерите во Apple – корисниците не можат да ги отворат ниту актуелните модели.

Стаклениот iPhone ќе биде и првиот Apple телефон со OLED дисплеј, кој веројатно нема да има рамка околу дисплејот, што ќе ги направи уредите многу помали од денешните iPhone-и, кои важат за прилично големи во сооднос на големината на дисплејот.

iPhone со стаклено куќиште треба да пристигне наредната година и тоа ќе биде резервирано веројатно само за Plus моделот, а оваа година се очекува повторно освежување на линијата со сличен дизајн како на актуелните уреди.

Извор: Forbes, Yahoo, Sun

Претходна статијаSamsung ги претстави Galaxy C5 и C7 само за кинескиот пазар
Следна статијаHTC престанува со производство на Nexus 9