apple-iphone-6s-teardown

Неодамна објавивме дека корисниците на iPhone 6S кај нас, може да се обратат во iStyle за да побараат промена на батеријата, се додека нивниот уред е опфатен во отповикот. Сега Apple објави и што предизвикало проблем со батеријата, која беше причина за исклучување или рестартирање на загрозените уреди.

Уште веднаш ќе кажам дека овој проблем во iPhone 6S не е ист со проблемот со батеријата во Note 7, односно нема никаква опасност од експлозија или самозапалување. Тука, проблемот е што батеријата наеднаш почнува да губи енергија и придонесува за исклучување на уредот. Со ваков проблем беа опфатени уреди произведени во Септември и Октомври 2015 година.

За брзата загуба на енергија на батеријата во iPhone 6S „крив“ е производствениот процес. Имено, при производство на батерии се користи контролирана заштитна атмосфера со цел да се заштитат компонентите од агресивниот кислород. Сепак, според Apple компонентите биле изложени предолго на оваа атмосфера пред батеријата да се склопи, што придонесува за побрза деградација.

Apple сепак сѐ уште не објави колку уреди се опфатени со овој отповик во сервис. Претходно тие рекоа дека бројот е многу мал, а во новата објава рекоа дека бројот е „мал“. Како и да е, производителот веќе ги менува батериите на сите загрозени корисници, па бројката во тој случај е многу помалку важна.

За да знаете дали и вашата батерија треба да биде променета, проверете дали 4-тиот и 5-тиот карактер на серискиот број се: Q4, Q5, Q6, Q7, Q8, Q9, QC, QD, QF, QG или QH. Серискиот број се проверува во Settings>General>About. За уште полесна проверка, можете да ја искористите и оваа алатка на Apple.

Извор: The Verge, Fortune, USA Today

Претходна статијаMeizu M5 Note има 5,5 инчен дисплеј, 4.000 mAh батерија и многу ниска цена
Следна статијаЕкспертот за дизајн на кориснички искуства на светскиот гигант Ѕар во Скопје ги обучува студентите и стартапите