iphone-8-renders

Веќе неколку пати пишувавме за можности и опции кои ќе ги има iPhone 8, но повеќето од нив сигурно нема да ги има кај финалниот модел. Имено, според нова информација, Apple тестира 10 различни прототипи, за на крај да скрати на два или три модели кои ќе бидат достапни на пазарот.

Идејата на прототипите е Apple да ги тестира сите различни можности на користење на новиот iPhone 8. Истото тоа всушност го прават и многу други компании кога развиваат паметни телефони. Во неколку од тие прототипи, Apple веќе тестира iPhone со OLED дисплеј. Ова е истиот тип на дисплеј кој го користат Galaxy и Pixel смартфоните, кој има супериорни боја и контраст.

OLED дисплејот би можел да го направи новиот iPhone уште потенок, бидејќи нема потреба од дополнително светло, иако корисниците верувам би сакале поголема батерија наместо потенок телефон. Со ваков тип на дисплеј, Apple би можел да лансира и верзија со закривен дисплеј на страните, како Edge серијата на Samsung и сигурно еден од прототипите е и ваков телефон.

Проблемот со OLED дисплеите кај новиот iPhone е што засега нема компанија која може целосно да ги задоволи потребите на најпродаваниот смартфон во светот. Според тоа, најверојатно само еден модел од понудата ќе има OLED и тоа трет модел, покрај стандардните iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

iPhone 8 моделите инаку сигурно ќе донесат и големи промени во дизајнот – се очекува многу помала рамка околу дисплејот и изработка од метал и стакло, исто како iPhone 4 и 4S. Како и многу други паметни телефони кои ќе бидат лансирани наредната година, очекувајте и читачот за отпечатоци на прсти да биде вграден во самиот дисплеј или барем под предното стакло, а не во посебно копче.

Извор: Mashable, GSM Arena, Time

Претходна статијаЛистата на најдобрите смартфони се менува кога станува збор за животот на батеријата
Следна статијаGalaxy S8 ќе има Snapdragon 835, 6 GB рам и 256 GB простор?