iPhone 5S беше првиот смартфон со читач за отпечатоци на прстите, кој потоа буквално ги повлече скоро сите други производители да ги вградат нив во своите модели. Денес дури и кинеските смартфони од ниските класи имаат читач за отпечаток на прстот и ова решение се смета како најдобро за заштита на податоците на корисникот. Сепак, според аналитичарот Минг-Чи Куо од KGI, Apple ќе го замени популарниот Touch ID од iPhone 8 со нов читач за отпечатоци вграден под дисплејот, а ќе вградува скенер за лицето и зеницата на корисникот.

Овие иновативни решенија се прилично голем скок во однос на актуелните модели и најавуваат дека iPhone 8 ќе биде еден навистина напреден смартфон. Досега ниту еден производител не успеа да вгради читач за отпечатоците под дисплејот, но иако има најава дека Samsung ќе го направи тоа во Galaxy S8, што значи дека Корејците би го престигнале Apple со оваа технологија, иако Куо најавува дека Samsung нема да може да го направи тоа. Исто така, скенер за зеницата на окото Samsung веќе вгради во проблематичниот Note 7, па и тоа не е нешто особено ново.

Сепак, сигурен сум дека технологијата за читање на зеницата и лицето на Apple ќе биде многу поусовршена од досегашните решенија. Според тоа што го научивме досега од нивните модели, тие не вградуваат недоволно испитани технологии кои не работат во голем дел од обидите на корисникот.

Новите информации за iPhone 8 скоро и да потврдуваат дека барем еден од моделите ќе има OLED дисплеј, што може да биде огромен скок напред за најпопуларниот смартфон на планетава. Android конкурентите моментално имаат подобри дисплеи со повисоки резолуции, а тоа особено важи за Samsung со своите AMOLED панели.

Извор: Techno Buffalo, Business Insider, Mac Rumors

Претходна статијаTesla најавува редовни надградби на секои 12 до 18 месеци
Следна статијаИсклучително добра можност за извршни директори и менаџери