Енди Рубин, еден од креаторите на Android, во март оваа година излезе на Twitter со мал „тизер“ за телефонот на којшто работи неговата нова компанија Essential.

Сликата којашто ја објави на Twitter укажуваше на тоа дека главната карактеристика на телефонот треба да биде малата рамка околу екранот, на сите страни од уредот. Ова е нешто што досега конкуренцијата го нема направено, односно обично телефоните со мали рамки, сепак имаат нормална рамка на долниот или горниот дел.

Доколку ова е вистина, новиот телефон од Essential треба да предизвика голем интерес кај корисниците, а со тоа да ја раздвижи и конкуренцијата.

Како навистина ќе изгледа овој уред можеби ќе дознаеме утре, односно на 30ти мај, како што истакнува твитот од Essential. Твитот истакнува дека нешто големо доаѓа на 30ти мај, па не гледаме што би можело тоа да биде освен новиот смартфон.

Уште еден твит укажува на тоа дека се работи за очекуваниот смартфон. Прикажана е слика на која поради затемнувањето се гледаат само контурите на рака и телефон.

Она што е уште поинтересно е горниот дел од уредот, на којшто се гледа дека ќе има некаков додаток, а дечките од Engadget со осветлување на сликата откриваат дека се работи за камера, која најверојатно ќе биде наменета за снимање на 360 степени видеа.

Од уредот дополнително се очекува да биде од високата класа, односно соодветно да има појаки компоненти.

30ти мај е утре, па нема да треба долго да чекаме да видиме што интересно ќе биде претставено од Рубин и дали вреди за „фамата“ која се обиде да ја крене.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаКритична маса #61: Скопје, стани за 5-ка!
Следна статијаТелевизорите остануваат главниот уред на којшто се гледа видео содржина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.