image00

Google вчера ги претстави новите Nexus 5X и 6P уреди кои што ќе дојдат со најновата верзија од Android, односно Android 6.0 Marshmallow. Се разбира, како и секогаш, постарите Nexus модели, барем дел од нив, ја добиваат најновата верзија по нејзиното излегување.

Ова е една од предностите и причина за популарноста на Nexus уредите. Тие ја добиваат најновата верзија од Android многу кратко по официјалното излегување, па корисниците не треба да ги чекаат производителите, нешто што трае и повеќе месеци.

Доколку сте корисник на некој од постарите Nexus уреди, сигурно се прашувате дали на вашиот ќе му следува новата верзија од оперативниот систем. Листата на уреди на кои што им следува надградбата не е мала, па шансите се дека нема да останете без најновото од Google. Nexus уредите на кои што им следува надградба на Android 6.0 Marshmallow се следните:

  • Nexus 5
  • Nexus 6
  • Nexus 7 (2013)
  • Nexus 9

Точната дата кога надградбите ќе почнат не е објавена, но се очекува истото да биде на почетокот од идната недела. За тие кои што не можат да чекаат додека нивниот уред покаже достапност на надградбата, како и секогаш, ќе ги имаат на располагање фабричките „слики“ од оперативниот систем, па ќе можат самите да го инсталираат.

Извор: PCWorld, Android and Me, Engadget

Претходна статијаFormlabs Form 2 – Десктоп 3Д печатач наменет за ентузијастите
Следна статијаiPhone 6S е најбрзиот телефон на планетата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.