Се чини дека на разните гласини што кружеа подолго време конечно им дојде крајот. Американскиот сервис за електронска трговија, Amazon, и дефинитивно ќе се појави со сопствен паметен телефон. Што е уште подобро, се очекува телефонот да дебитира на пазарот во период од три до шест месеци.

Според одредени аналитичари од KGI Securities, кои на јавноста и’ се познати поради информираноста за Apple и Samsung, момците од Amazon сакаат да играат „на сигурно“, односно планираат нивниот паметен телефон да се продава слично како електронските читачи и таблетите. Со други зборови, продажната цена би била слична со трошоците за производство, што на Amazon им отвора простор за повеќе да се посветат на официјалните услуги кои ќе бидат достапни за користење. Токму овие услуги би требало да се главниот извор на пари за оваа американска компанија.

Но, она што вас повеќе ве интересира се дел од функциите со кои се очекува паметниот телефон на Amazon да се спротивстави на силната конкуренција на пазарот.
Нешто што веднаш го прави различен од останатите телефони е веројатноста да се појави со шест камери. Покрај главната камера од 13 мегапиксели и предната камера од 2 мегапиксели (за воспоставување видео конференции), овој уред веројатно ќе има четири дополнителни VGA камери со цел да се усоврши употребата на гестикулации. Па така, секој корисник ќе може да има целосна контрола над телефонот без никаква интеракција со екранот на допир и да создава 3D слики кои телефонот ќе знае како да ги протолкува.
Што се однесува до големината на самиот екран, се очекува тој да изнесува 4,7 инчи (~12 см). Уште една особина која би требало да го истакне овој паметен телефон како единствен на пазарот во својата класа е директната поврзаност со самиот сервис за електронска трговија, Amazon.

 

Овој паметен телефон пред се’ би требало да им се погоди на бизнисмените и луѓето во движење. Ако на веќе споменатите особини се додаде и податокот дека се цели на прилично издржлива батерија, јасно е дека Amazon имаат потенцијален „златен рудник“ во своите простории.

Претходна статијаОтворете ја камера апликацијата во Android преку нови гласовни команди
Следна статијаНова верзија на Blink за Windows Phone, вклучува нов дизајн и нови функции