Колку и да се обидуваат, големите компании не можат да ги задржат тајни производите кои треба да ги лансираат во иднината. Или пак намерно протекуваат информации за нив? Така личи најновата вест, која ги открива сите поединости за новото дуо на Samsung, кое со сигурност ќе направи голема мешаница во високата класа на смартфони.

Овие информации доаѓаат од Минг Чи Куо, кој е познат по протекувањето на новитети од Apple светот и кој скоро секогаш е доверлив. Според тоа, овие спецификации би можеле слободно да ги земеме и како финални, иако ситни промени се можни до лансирањето на 29 Март (со некои дефинитивни грешки?):

1.    Нормалниот Galaxy S8 модел ќе има 5,8 инчен дисплеј, 0,7 инчи поголем од актуелниот модел
2.    Поголемиот Galaxy S8+ ќе има 6,2 инчен дисплеј, исто така 0,7 инчи поголем од Galaxy S7 Edge
3.    Дисплеите и на двата модели ќе бидат потесни и повисоки и ќе имаат резолуција од 2960х2400 пиксели. Сепак, според тоа што тие ќе бидат потесни и повисоки, резолуцијата е веројатно грешка, бидејќи би значело дека тие ќе бидат многу широки, што според фотографиите не е случај. Најверојатно, резолуцијата ќе биде 2960х1440 пиксели.
4.    Двата модели ќе имаат Edge дисплеи, заоблени на краевите
5.    Физичкото “Home” копче ќе биде отстрането и заменето со виртуелни навигациони копчиња
6.    Нов сензор за препознавање на ирисот на окото ќе биде само дел од вкупно 6 сензори во горниот дел
7.    Во задниот дел и на двата модели има камера, блиц, мерач на пулсот и прилично лошо поставен читач за отпечатоци десно од камерата
8.    Ќе има дури седум бои од кои ќе може да се избере: златна, сребрена, светло црна, мат црна, сина, виолетова и розова
9.    Двата модели ќе имаа подобрена предна камера со 8 мегапиксели и задна со 12 мегапиксели
10.    Батериите ќе имаат само просечен капацитет – S8 ќе има 3.000 mAh, додека S8+ ќе има 3.500 mAh
11.    USB Type-C 3.1 конечно ќе го замени micro USB
12.    Нов PC Mode ќе овозможи користење на телефонот како десктоп компјутер со поврзување на поголем дисплеј, со десктоп околина, слично на Continuum за Windows 10
13.    Моделите кои ќе се продаваат кај нас ќе имаат Exynos 8895 чип, додека оние во САД, Јапонија и Кина Snapdragon 835
14.    Моделите кои ќе се продаваат кај нас ќе имаат ќе имаат 4 GB рам – само оние во Јужна Кореја и Кина ќе имаат 6 GB рам
15.    Продажбата ќе почне на 21 Април

Според очекувањата од Samsung, помалиот модел ќе се продава малку повеќе, во однос 6:4 со поголемиот модел. Ова е очекувано бидејќи и двата модели се сега прилично големи, за разлика од актуелните модели, каде има разлика меѓу големините на телефоните. Вкупно, Samsung очекува да испорача 40-45 милиони Galaxy S8 оваа година.

Извор: Forbes, 9 to 5 Google

Претходна статијаНаучници успеаја да снимат 1 бит информација на 1 атом
Следна статијаНаскоро ќе може да пробате апликација на Windows 10 уште пред да ја инсталирате