4e8856146da130c496ef5bcba9ebf5c0_large

Lunecase е футрола за вашиот iPhone која што на прв поглед не изгледа ништо посебно или различно од огромниот број на вакви производи. Меѓутоа оваа футрола која што моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter е повеќе од обична футрола. Таа се поставува на задната страна од телефонот и на неа се прикажуваат икони кои што ве известуваат за добиени и пропуштени повици, како и за добиени SMS пораки.

Меѓутоа она што ја прави навистина интересна и уникатна оваа футрола е начинот на кој што ја врши својата функција. Таа не користи батерија или било какви кабли и начини на поврзување со телефонот. Lunecase ја користи електромагнетната енергија која што се генерира околу електричните уреди, во случајот паметниот телефон и со неа ги напојува малите LED светилки кои што потоа ги покажуваат нотификациите.

77d7bd352fc80f9768cfbcc6a5e9e9ff_large

Демо од футролата беше прикажано на CES 2014 настанот кој што се одржа во Las Vegas на почетокот од оваа година. Според информацијата која што беше презентирана на демото, брановата должина на сигналот кој што го добива телефонот е различна зависно од тоа дали добивате повик или SMS порака. Со тоа футролата прикажува кога имате повик или порака уште пред самиот телефон.

Lunecase е развиван од украинска компанија и веќе ја има поминато минималната бројка на средства поставени на Kickstarter за успешност на проектот. Цената по која што може да се нарача футролата е 40 долари, а се очекува да се почне со испорака од Август. Моментално футролата е компатибилна со iPhone 5 и 5s, а се најавуваат верзии за Android уредите во иднина.

Претходна статијаВидете го автомобилот на Google како сам вози низ градските улици
Следна статијаGoogle престанува да ги скенира email пораките на студентските Gmail сметки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.